Во Службен Весник на РМ 174 од 16 Декември 2011 година објавен е Правилник за сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план. Со овој Правилник се пропишува сметковниот план и содржината на одделните сметки во сметковниот план за субјектите кои сметководството го водат согласно Законот за трговските друштва и Правилникот за водење сметководство. Овој правилник не се однесува на субјекти чие работење се уредува со посебен закон и доколку со друг пропис се пропишани посебни сметковни планови.
Според овој Правилник, состојбата и движењето на средствата, капиталот, обврските, приходите, …
Пронајдете ги ги сите написи во врска со нашите услуги за ревизија на финансиски извештаи и други услуги на уверување во согласност со Меѓународните Стандарди за Ревизија (МРС).
Сите написи од областа на проценката на вредноста на капиталот на друштвата, изработка на инвестициони програми, анализа на инвестициони планови, како и други услуги на проценка.
Сите написи во врска со составување на финансиските извештаи во согласност со Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување.
Во Република Македонија се користат Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување издание од 2009 година.
Прочитај понатаму »На 05 ноември 2010 година, Институтот на Овластени Ревизори на РМ (ИОРРМ) доби статус на придружна членка на Меѓународната Федерација на Сметководители (МФС). Со овој чекор, ИОРРМ доби признание за квалитетот на својата работа и истовремено поттик за понатамошни успеси на ИОРРМ и членките на Институтот. Исто така, членовите на ИОРРМ добија признание дека истовремено и тие се придружни членки на МФС а со тоа и се обврзани да ги следат одредбите на Кодексот на Етика на професионалните сметководители. Ние во друштвото КНИ-ПРОКОМ се стремиме да бидеме усогласени со сите барања …
Прочитај понатаму »Поднесувањето на завршна сметка за 2010 година се врши до 28 Февруари 2011 година. Правните лица кои изработуваат консолидирани финансиски извештаи имаат обврска да ги достават истите до 31 Март 2011. Друштвата кои имаат обврска да известуваат по МСФИ треба да ги поднесат своите финансиски извештаи во согласност со МСФИ до 28 Февруари 2011 година. Исто така, друштвата кои поднесуваат финансиски извештаи во согласност со МСФИ имаат обврска истите да ги подведат на независна ревизија. Исто така, друштвата кои доставуваат консолидирани финансиски извештаи имаат обврска истите да ги подведат на …
Прочитај понатаму »